Министерството за финансии предложи Буџетот за идната година да биде 3,7 милијарди евра, а буџетскиот дефицит да изнесува 288 милиони евра. Инвестициите ќе изнесуваат 418 милиони евра.
Ова денеска го соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски на првата јавна расправа за идниот буџет на која учествуваа претставници на синдикатите, коморите, невладиниот сектор и новинари.
Планирани се повисоки плати за лекарите од 10 отсто и на другите вработени во здравството и Фондот за здравство од 5 отсто.
Вработените во образованието и во градинките, предвидено е да земаат повисоки плати од 5 отсо, а исто толкаво зголемување на платите сепланира и за администрацијата, но како што рече министерот, не се планирано пари за К- 15 за администрацијата.
Очекувањата се дека стапката на инфлација ќе биде ниска и стабилна, а е проектирана на 2 отсто. Во наредната година се очекува раст на номиналната нето-плата за 4,5 отсто.
Стапката на невработеност, се очекува да се намали на околу 20 отсто.
Буџетскиот дефиците идната година ќе се покрива со задолжувања во странство и дома но со ниски капатни стапки, но не е планирано издавање на нова еврообврзница, оти дел од непотрошената еврообврзница сега ќе биде префрлен на буџетската сметка.
Според предвидувањата се очекува јавниот долг да изнесува 54,2 отсто од домашниот бруто производ.