Буџетот за 2019 година на проверка кај пратениците

Вкупните приходи се планирани на 210,8 милијарди денари, а расходите се на ниво од 228,5 милијарди денари.

127

Пратениците и денеска ќе расправаат за дополнетиот Предлог-буџет за 2019 година. Расправата почна вчера и треба да трае пет дена.

Вкупните приходи се планирани на 210,8 милијарди денари, а расходите се на ниво од 228,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 17,7 милијарди денари, односно 2,5 отсто од БДП, а растот на економијата е проектиран на 3,2 отсто. За капиталните инвестиции се издвоени 26 милијарди денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...