Буџетот за следната година помина на Влада

Министерството за финансии е задолжено да ја вклопи Програмата за намалување на аерозагадувањето во Предлог-буџетот за 2019 година.

44

Владата го усвои Предлог-буџетот за 2019 година со кој вкупните приходи и расходи се во рамки на проектираните параметри на Министерството за финансии. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 2,5 проценти од БДП.

Предлог-буџетот, како што денеска информира Владата, ќе биде доставен на усвојување во Собранието на Република Македонија.

-Планираниот дефицит е во согласност со Фискалната стратегија на Република Македонија 2019-2021 и ја потврдува планираната фискалната консолидација, проследена со натамошна буџетска дисциплина и обезбеден значителен фискален простор за инфраструктурни проекти и поддршка на домашната економија, за зајакнување на социјалната праведност и сигурност и за забрзување на евро-атлантските интеграциски процеси – соопштуваат од Владата.

На вчерашната владина седница е усвоен и Предлог – законот за извршување на Буџетот за 2019 година, како и Предлог планот и мерките за утврдување програма за намалување на аерозагадувањето. Министерството за финансии е задолжено да ја вклопи Програмата за намалување на аерозагадувањето во Предлог-буџетот за 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...