Марија Шерифовиќ несомнено е еден од најдобрите вокали во целиот регион. Нејзиниот глас никого не остава рамнодушен, така што таа нема потреба да се покажува и истакнува во јавноста со ништо друго освен со пеење.
Пејачката вакви моменти од приватниот живот не објавува, но сега направи исклучок.
„Ју Маро, што си згодна во тој костим“, гласеше еден од коментарите а за неколку часа оваа слика доби повеќе од 70.000 „лајкови“.
Марија во базенот била во друштво на малиот Алексеј, син на музичарот Саша Николиќ, кој е едн од најблиските соработници на Марија.
Шерифовиќ во моментов е дел од жирито во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.