Нов претседател на Муслиманската заедница на Албанија е Бујар Спахиу, кој во изминатите десет години беше втор човек на заедницата.
Тој доаѓа на местото на Скендер Бручај, кој само ден пред гласањето се повлече од трката.
Спахиу доби 59 гласови, а неговите против кандидати Или Гура, муфтија на Лушња 26 и Грамоз Блику два гласа.
Во поздравниот говор, Спахиу, истакна дека ќе ја продолжи работата на неговите претходници, а една од неговите задачи ќе биде да се балансира трката кон финансискиот на сметка на моралниот капитал.
-Нашата религија е религија на мирот и надежта. Нашата земја има потреба од повеќе мир и надеж. Ние, со помош на Бога, ќе работиме да им дадеме на младите, на сиромашните, на сираците, на постарите лица … повеќе мир и надеж.Да ја балансираме трката кон финансиски на сметка на моралниот капитал. Да бидеме похумани, да одделиме од нашето богатство за сиромашните, сираците, постарите, болните. Да го сочуваме и зацврстуваме семејството, зашто тоа е вредност на нашето општество, рече Спахиу.
Но, како и во политиката, резултатот не беше прифатен од оние кои ја изгубија трката за прв човек на муслиманската заедница на Албанија. Или Гура, кој доби само 26 гласови, рече дека „изборот бил фарса и оти Ѓуленистите имаат свое влијание во него“.
Изборот на нов прв човек на заедницата беше со тајно гласање од страна на Генралниот совет кој брои 91 член (12 членови на Претседателството на Муслиманската заедница, 35муфтии и претставници на граѓанското општество) и е со петгодишен мандат со право на реизбор.
Гласањето го следеа и претставници на амбасадата на САД и мисијата на ОБСЕ во Тирана.