Бушати: Албанија е подготвена за почеток на преговорите за членство на ЕУ

85

Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати изјави дека Албанија ги завршила зададените обврски и оти е подготвена за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Тој нагласи дека сега одлуката зависи од земјите членки на Унијата, посочувајќи дека неколку од нив го условуваат проширувањето поради „нивни внатрешни дебати“.

– Албанија е подготвена за почеток на преговорите, но се тоа зависи од политичката одлука на земјите членки, бидејќи неколку од нив, иако немаат забелешки за нашата земја, сепак се противат на проширувањето на ЕУ поради внатрешни прашања – изјави Бушати на средба со студенти по политички науки и право, нагласувајќи дека Албанија е во постојан дијалог со овие скептични земји.

Шеф на албанската дипломатија исто така истакна дека почетокот на преговорите ја става земјата на долг пат со многу големи предизвици за продлабочување на реформите и призна дека може да има отпор од опозицијата и апелираше до неа да биде поконструктивна.

Две недели до Самитот на Унијата на која се очекува одлуката за почеток на преговорите, министерот Бушати пред студентите зборуваше и за предностите, но и за задачите што ќе ги има Албанија, доколку ЕУ донесе позитивна решение, ставајќи акцент на можностите за многу повеќе средства, но и за подетално следење на реформите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...