Буфон: Се враќам во Јувентус затоа што ова е мојот дом

106
ФОТО: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Италијанскиот легендарен голман Џанлуиџи Буфон, рече дека не можел да ја отфрли поканата на Јувентус.

Денеска 41-годишниот Буфон потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион во Серија А.

„Се враќам бидејќи поканата на „дамата“ не може да се одбие”. Се враќам, бидејќи ова е мојот дом“, напиша Буфон на својот Твитер.

Тој играше за Јувентус 17 сезони, од 2001 до 2018 година. Со торинскиот клуб девет пати го освојуваше шампионскиот трофеј во Италија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...