Катастрофални и неприфатливи за сликата на градот, ги окарактеризира протестите од саботата, солунскиот градоначалник Јанис Бутарис.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на отворањето на штандот на општината во рамките на Меѓународниот саем во Солун, Бутарис, според грчката новинска агенција АНА-МПА, го повторил неговиот став дека саемот треба да биде „празник за градот, економски и трговски настан“ и уште еднаш предложил свечените отворања на саемот да не бидат во присуство на политичарите.
-Ако сакаат да испратат политички пораки нека организираат политички форум. Нека одат каде сакаат, освен во центарот на градот. И оние што ги прават немирите и катастрофите ќе можат полесно да се контролираат и нема да се уништува градот. Запалија автомобили, запалија канти за отпадоци, му нанесоа штета на училиштето што е во близина на општината- изјави Бутарис, пренесе АНА-МПА.
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI