Поранешниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, Ерхард Бусек изјави дека Европска унија мора што побрзо да ги прими преостанатите земји од Балканот, за да бидат решени проблемите на регионот.
Според него тоа би ја поттикнало регионалната соработка.
Бусек на Меѓународната конференција во Белград „Европски центар за мир и развој“ посветен на новите концепти на безбедност во светот, наведе и дека поделбата на Западна Европа и Вишеградската група, проблемите со Русија, на Балканот и во Медитеранот, Европа може да ги реши со зајакнување на соработката без оглед на политичките и другите разлики меѓу земјите.
– На ЕУ и е потребен одлучен став во решавање на проблемите на Балканот, а тоа значи што побрз прием на преостанатите земји. Тоа би можело да го смени карактерот на Унијата, но тоа е неопходно. Бидејќи тоа е Европа. Брисел би морал да биде повеќе партнер, а не некој што издава наредби – направете го ова, исполнете го ова… И заканувајќи се – истакна Бусек.
Тој осврнувајќи се на Косово истакна дека „за некои Срби е проблем промената на границата“, но оти Европа постојано ги менува границите, како и дека во нејзината историја има многу такви примери.
Значи, за нас промената на границата е остварлива и во случајот на Косово, наведе Бусек.