Австралија е под невидена закана од странска шпионажа и обиди за мешање во внатрешните работи на земјата, изјави денеска генералниот директор на Австралиската безбедносна разузнавачка организација (АСИО), Мајк Бурџес.
Тој додаде дека голем број држави се обидуваат да влијаат врз пратениците, владините службеници, медиумските личности, бизнисмените и научниците.
– Нивото на закани со кои сме соочени од странските шпионажи и мешањето во овој момент е без преседан. Странското мешање сега е поголемо отколку за време на Студената војна – посочи Бурџес.
Но, тој не ги идентификуваше земјите кои се мешаат во внатрешните работи на Австралија.