Бунт во затвор за милитанти од ИД во Таџикистан, 32 загинати

55

Тројца чувари и 29 затвореници беа убиени во затвор во Таџикистан, откако осудени терористи од ИД почнаа бунт, соопшти Министерството за правда.

Министерството нагласува дека бунтот почнал доцна синоќа во затвор во градот Вакдат, 10 километри од главниот град Душанбе. Бунтовниците се вооружиле со ножеви и убија тројца чувари и пет затвореници.

Еден од иницијаторите на бунтот бил Бакул Гулмурод, син на Гулмурод Калимов, висок офицер на специјалните сили на Таџикистан, кој пребега на страната на ИД во 2015 година и според податоците на министерството, бил убиен во Сирија.

Безбедносните сили убија 24 милитанти и го вратија мирот во затворот каде има 1.500 затвореници, додаде министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...