„Бук фест“ е презакажана за 3 јуни

Како што соопштија организаторите, причина за презакажувањето е најавата за нестабилно време и дожд.

112

Манифестацијата „Бук фест“ нема да се одржи на 13 мај, како што беше најавено, туку на 3 јуни.

Како што соопштија организаторите, причина за презакажувањето е најавата за нестабилно време и дожд.

„Бук фест“ требаше да се одржи на 13 мај во Градскиот парк во Скопје. Го организира едукативната организација Хелен Дорон Македонија, а е посветен на книгите со цел кај децата да се поттикне љубовта кон читањето.

Настанот е инспириран од книгата „Алиса во земјата на чудата“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...