Букурешт – град на кабли

161

Романскиот главен град Букурешт би можел да се нарече и град на кабли, бидејќи на сите згради висат кабли од телефон, интернет и други дигитални услуги. Такви кабли не можат да се забележат во ниту една друга светска метропола.

Речиси ниту еден објект не е оставен без висечки кабли на својата фасада, кои од зградите до столбовите висат и го нагрдуваат изгледот.

Во западните земји членки на ЕУ таква „шума“ од кабли не може да се забалежи ниту во најмалите населени места.

Во Германија или Австрија за висечки кабли на некоја зграда, станарите плаќаат големи казни, а „естетското нарушување“ веднаш се отстранува.

Меѓутоа, во Букурешт, иако станува збор за град во ЕУ, нема строги западни прописи поврзани за изгледот и одржување на зградите, а локалните жители сметаат дека тоа не е нешто ненормално и се чудат како некој го забележува тоа.

Каблите се последица на недовршена реституција (обновување), поради што не се ископани доводи за каблите од улиците и не е извршено нивно прикривање во фасадата на објектите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...