Илјадници Унгарци денеска протестираа во Будимпешта против новиот предлог закон за труд кој на работодавачите им овозможува од вработените да бараат до 400 часа прекувремена работа годишно.
Членовите на синдикатите и нивните приврзаници носеа транспаренти на кои пишуваше „Протестираме против ропскиот закон“.
Предлог законот за труд оваа недела беше поднесен во Парламентот и наиде на остри критики, предизвикувајќи го најмасовниот протест за повеќе од една година.