По масовните протести поради неговата изјава за активистите за правата на лица со посебни потреби, вицепремеирот на Бугарија, Валериј Симеонов поднесе оставка.
– Поднесувам оставка поради контимуираната медиумска кампања против мене. Таа кампања му прави штета на угледот и авторитетот на Владата и стана пречка за мојата нормална работа. Тоа е нешто што не можам да си го дозволам. Не станува збор за мене или за партијата на чие чело се наоѓам, туку за Владата за која мислам дека е многу успешна – рече Симеонов на прес конференцијата.
Вицепремиерот, кој е задолжен за економска и демографска политика и еден од лидерите на партијата Обединети патриоти ги нарече активистите „крекави жени” и рече дека шпекулираат преку своите болни деца.
Премиерот Бојко Борисов ја прифатил оставката на Симеонов, кој објасни и дека сам ја поднесува, а не под притисок на премиерот.