Европската комисија нема толеранција за корупција и злоупотреба на средства на ЕУ, изјави висок претставник на Европската служба за спречување измами (ОЛАФ).
– Многу сериозно ги примаме сите сомнежи изразени во врска со злоупотреба на структурните фондови, ги следиме медиумските извештаи поврзани со Бугарија – додаде тој во врска со сомнежите за прекршоци околу јавни набавки за градежништво во Бугарија.
Истиот извор информира дека ЕК ќе поднесе извештај до ОЛАФ и оти веќе се побарани податоци за овие наводи од соодветните власти.
Тој појасни дека ЕК е должна да и доставува на ОЛАФ секакви податоци за кои смета дека треба да бидат подложени на темелна проверка.