Бугарија ги предупреди Грција и Турција дека би можеле да се соочат со поплави, бидејќи се очекува обилните дождови да условат излевање на реката Арда и Марица на територијата на тие две држави.
Предупредувањето од Бугарија стигнува во момент кога Грција се бори со најсмртоносните пожари во поновата историја.
Во предупредувањето од Софија се наведува дека во следните денови браната Ивајловград на реката Арда во источните Родопи би можела да биде поплавена поради најавените обилни врнежи.
Реката Арда тече кон исток кон Грција и се влива во реката Марица на грчката граница со Турција.
ФОТО: Твитер