Бугарија протерува двајца руски дипломати поради шпионажа

65

Официјална Софија ќе прогласи двајца руски дипломати обвинети за непожели заради шпионажа, соопшти бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

Писмо од јавниот обвинител, со информации за граѓани кои шпионирале на бугарска територија е примено денеска во Министерството за надворешни работи, јави БГНЕС. Обвинителите соопштија дека Русите биле вклучени во шпионажа, но дека поради дипломатскиот имунитет не може да им се суди.

– Го добивме писмото со обвиненија. Ќе преземеме акции кои сме обврзани да ги преземеме и веројатно ќе ги прогласиме за „персона нон грата“ – вели Захариева, дополнувајќи дека во текот на денот на разговор ќе биде повикан рускиот амбасадор во Софија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...