Бугарските граѓани почнаа масовно да ја продаваат домашната валута и да ја купуваат единствената валута во ЕУ заради гласините дека левот ќе престане да има фиксен девизен курс во однос на еврото, јави Бугарското радио, а пренесе порталот „Банкар.ме“.
Според податоците на Бугарската народна банка, граѓаните од банкраските сметки досега повлекле речиси 1,2 милијарда лева, што претставува околу 613 милиони евра, додека истовремено штедењето во евра е зголемени за 350 милиони.
Гувернерот на Бугарската народна банка Димитар Радев повеќепати повтори дека државата не планира да го укине фиксниот девизен курс и дека за тоа не се преговарало со финансиските регулатори од ЕУ.