Брутално претепана наставничка од Црна Гора пред училиште

223

Триесет и осумгодишна наставничка по математика од Црна Гора е тешко повредена, откако утрово пред училиште со бејзбол палка ја претепал нејзиниот поранешен сопруг.

Таа се развела од него и со своите две деца се преселила од Нови Пазар во Бијело Поље.

Од болницата изјавиле дека наставничката имала тешки повреди на главата, како и повеќе повреди низ целото тело. Оттаму нагласиле дека случаен минувач ја спасил жената, а со тоа спречил да настанат уште поголеми последици.

Насилникот побегнал веднаш по настанот, а полицијата е во потрага по него.

Извор: српски „Курир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...