Брус Дерн ќе го замени починатиот Берт Рејнолдс во новиот филм на Тарантино

Филмот веќе се снима, а премиерата е закажана за 26 јули 2019.

91

Во новиот филм на Квентин Тарантино, „Си беше еднаш во Холивуд“, Брус Дерн ќе го замени Берт Рејнолдс, кој почина на 6 септември.

Дерн, кој глумеше и во претходниот филм на ексцентричниот Тарантино, „Омразените осуммина“, им се приклучи на Бред Пит, Леонардо ди Каприо, Ал Пачино, Курт Расел, Дакота Фенинг, Марго Роби и други познати ѕвезди на Холивуд.

Филмот веќе се снима, а премиерата е закажана за 26 јули 2019.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...