Бруклин доби муслиманска патрола

Групата се финансира самостојно, односно од донации за купување автомобили и сини униформи за членовите.

456

Во САД е формирана првата цивилна „Муслиманска патрола“, која превентивно ќе делува на заштита на муслиманите во Бруклин, еден од петте реони во Њујорк, пренесува „Њујорк тајмс“.

Невооружени цивилни патроли ќе соработуваат со полицијата за да им помогнат на своите соседи да ја зголемат довербата во заедницата кон муслиманите.

Како што наведува „Њујорк тајмс“, засилената кампања на омраза ја поттикна полицијата во Њујорк и другите поголеми градови одредени денови да ги зајакнат патролите околу џамиите и исламските центри.

Се наведува дека планот на овој волонтерски проект е да ги надгледува трите исламски училишта во Бруклин, како и околните џамии и железнички станици во Беј Риџ и Сансет Парк, каде што живее многубројна муслиманска заедница.

Патролата засега има два автомобила, а планот е да го зголеми бројот на пет патролни возила до крајот на месецот.

Групата се финансира самостојно, односно од донации за купување автомобили и сини униформи за членовите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...