Бројот на туристи пораснал за 0,1 отсто за пет месеци

Бројот на туристите во мај 2019 година во однос на истиот месец лани е намален за 4,8 %, а бројот на ноќевањата за 2,8 %.

37

Во мај годинава во земјава се евидентирани 98.998 туристи кои оствариле 205.356 ноќевања, покажуваат податоците на Држваниот авод за статистика.

Бројот на туристите во мај 2019 година во однос на истиот месец лани е намален за 4,8 %, а бројот на ноќевањата за 2,8%. Бројот на домашните туристи е намален за 4,1%, а на странските за 5,2%.

Бројот на ноќевања на домашните туристи во мај 2019 година, во однос на мај 2018, е намален за 11,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2,1%.

Во периодот јануари – мај 2019 година, пак, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 0,1%. Кај домашните туристи е зголемен за  2,6 %, додека кај странските има намалување за 1%.

Бројот на ноќевањата е намален за 0,3%, и тоа: кај домашните туристи за 0,4%, а кај странските за 0,2%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...