Бројот на работниците во индустријата во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, е зголемен за 1,2 отсто, објави Државниот завод за статистика .
Бројот на работниците во секторот „рударство и вадење на камен“ во јануари 2019, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст од 1,0 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ од 1,3 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ пораст од 0,2 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,8 отсто и „капитални производи“ за 16 отсто, додека опаѓање бележи кај „енергија“ за 0,3отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 3,8 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 2,9 отсто.