За 6,2 отсто е намален бројот на невработени во второто тримесечје од годинава, а за 2,1 отсто е зголемен бројот на вработени, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во второто тримесечје од годинава имало вкупно 957.471 активно население од кои 755.073 биле вработени, а 202.398 лица невработени, објави денеска Државниот завод за статистика.
Стапката на активност во овој период е 56,9, стапката на вработеност 44,9, додека стапката на невработеност 21,1.