Бројот на загинати во земјотресот на Ломбок се искачи на 98 луѓе

237

Најмалку 98 луѓе загинаа, а 236 се повредени при земјотресот со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди индонезискиот туристички остров Ломбок.

Илјадници куќи се уништени, а спасувачите се уште немаат пристап до одредени поединечни загрозени области.

Повеќе од 10.000 луѓе, меѓу кои и голем број на туристи, евакуирани се од островот Ломбок во Индонезија по катастрофалниот земјотрес што го погоди островот.

Земјотресот беше толку силна што се почувствува и на соседниот остров Бали, каде загинаа две лица.

На 29 јули годинава на Ломбок беше регистриран земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтер, при што загинаа 17 лица, а стотина беа повредени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...