Брнабиќ: Се надевам дека нема да има потреба да ја употребиме војската

358
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Српската премиерка Ана Брнабиќ по повод највите за формирање на Косовска војска изјави дека се надева да Србија нема да мора да ја употреби својата армија.

– Се надевам дека никогаш нема да мораме да ја употребиме нашата војска, но во моментот тоа е една од опциите на маса, бидејќи не можеме да гледаме ново етничко чистење на Србите и нови бури, иако (премиерот на Албанија) Еди Рама тоа го повикува – истакна Ана Брнабиќ на прес конференцијата во Владата на Србија.

Таа додаде дека Србија од времето кога Александар Вучиќ станал премиер, инвестирала во подигнување на одбранбените капацитети, бидејќи тие биле девастирани.

– Кога некој знае дека имате силна војска, тогаш тој мора да седне и да разговара со вас – наведе Брнабиќ.

Таа негира дека Србија го прекршува ЦЕФТА договорот и додаде дека била наивна кога поверувала оти албанскиот премиер дека ќе ја предупреди или ќе ја повика Приштина да се вразуми во однос на воведувањето на такси за стоки од Србија и од БиХ.

– Се согласувам со Рама, бидејќи тој призна дека е ненормално зголемување на таксите за 100 проценти – наведе Брнабиќ, при тоа отфрлајќи ги тврдењата на Рама дека воведувањето на таксите е последица на тоа што Србија го кршела ЦЕФТА договорот.

Брнабиќ ја повика Приштина да ја покаже жалбата, која таа наводно, ја има испратено до Комитетот на ЦЕФТА, дека Србија го прекршила овој трговски договор.

– Ако нема жалба, тогаш (премиерот на Албанија) Еди Рама свесно и намерно се обиде да ја измами јавноста во регионот дека Србија го прекршила ЦЕФТА договорот – истакна Брнабиќ, коментирајќи ја изјавата на Рама во Загреб дека Србија прва го прекршила регионалниот трговски договор и дека Косово поради тоа се жалело.

Таа додаде дека „единствена цел“ на изјавата на Рама, е  „политичкото спинување и Србија да се обвини за сите неразумни одлуки на Приштина“.

Според српската премиерка, Србија поради таксите од 100 проценти од Приштина за српските производи, месечно губи 42 милиони евра.

– Оваа загуба не е ни блиска од она што Србите во Косово го губат поради неразумната одлука на властите во Приштина – наведе Брнабиќ.

Таа додаде дека Србија сè уште чека објаснување дали воведувањето на такси на производите се должи на неуспешниот обид за зачленување на Косово во Интерпол или поради тоа што Србија, наводно, го прекршила ЦЕФТА договорот.

Брнабиќ посочи и дека чекорите на Приштина се „политика на 19-тиот век“ и дека Белград и Приштина имале различни визии на приоритети.

ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...