Брнабиќ потврди дека ќе има контрамерки за Хрватска

229

Српската прмеиерка Ана Брнабиќ потврди денеска дека Србија ќе воведе контрамерки за Хрватска поради тоа што таа држава забранила влез за министерот за одбрана Александар Вулин.

На новинарско прашање на новинари какви контрамерки ќе воведе Србија за Хрватска, Брнабиќ кусо одговори: Ќе видите утре.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вчера дека „на забраната за влез на министерот Вулин во Јасеновац, Србија ќе одговори со контрамерки“. Тој додаде дека Владата в четврток ќе разгледува какви мерки ќе преземе. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...