Брнабиќ најави интегрирани гранични премини со Македонија, Албанија и со БиХ

Српските медиуми, повикувајќи се на извори од Царината, најавија дека воспоставувањето заедничка контрола на овој граничен премин ќе започне на крајот на август или почетокот на септември. 

303
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска најави дека наскоро ќе биде отворен интегрираниот граничен премин со Македонија, а вакви премини наскоро ќе бидат воспоставени и со Албанија и Босна и Херцеговина.

Брнабиќ ова го соопшти на денешниот состанок со преставници на Стопанската комора на Србија (ПКС), јави дописникот на МИА од Белград.

На состанокот, претседателот на ПКС, Марко Чадеж кажа дека интегрираните гранични премини, каков што наскоро ќе биде воспоставен со Северна Македонија, значително ќе го олеснат непречениот проток на стоки кон и од Србија.

На крајот на јули, српскиот Парламент на предлог на Владата, го усвои Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Србија и Владата на Северна Македонија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај, Прешево-Табановце.

Српските медиуми, повикувајќи се на извори од Царината, најавија дека воспоставувањето заедничка контрола на овој граничен премин ќе започне на крајот на август или почетокот на септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...