Брнабиќ: Економските односи меѓу земјите од Западен Балкан се добри, покрај политичките проблеми

81

Економските односи меѓу земјите од Западен Балкан, и покрај сложените политички проблеми, се многу добри и важно е повторно да имаме дијалог како регион, но и како политичари со светот на бизнисот, рече премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која учествуваше на Виенскиот економски форум во Софија, што се одржа во рамки на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

– Длабоко верувам во тоа, особено во регионот на Западен Балкан, дека деловните луѓе треба да водат, а политичарите да ги следат и дека треба да ги следиме побрзо и поефикасно. Исто така е добро што, колку и да има комплексни политички проблеми, сепак, економските односи меѓу нашите земји се многу добри и затоа политичарите треба да дадат решенија и да создадат атмосфера во која тоа може да се шири, изјави Брнабиќ за Радио телевизија Србија.

Според неа, форумот „Средба на политиката и економијата“ бил корисен и треба да продолжи и за време на австриското претседавање со ЕУ, со акцент на Западен Балкан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...