Брнабиќ: До октомври тешко до договор со Косово, разграничувањето никогаш не беше на маса

Дали очекувам да се дојде до постигнување на договор до октомври? Не очекувам. Немам причина да верувам, затоа што сме се подалеку од дијалогот и можното решение, рече Брнабиќ.

120
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Српската премиерка Ана Брнабиќ, по повод медиумските извештаи дека до октомври се очекува постигнување на договор помеѓу Белград и Приштина, изјави дека притисоците се зголемуваат, како и оти разграничувањето никогаш не било на дневен ред, ниту имало конкретни предлози, туку е споменувано само како една од опциите.

– Никогаш тој предлог не беше на маса. Дали очекувам да се дојде до постигнување на договор до октомври? Не очекувам. Немам причина да верувам, затоа што сме се подалеку од дијалогот и можното решение, рече Брнабиќ, која учествува на економскиот форум на Јахорина во БиХ.

Таа додаде дека дијалогот постоел, но потоа Приштина почнала да го успорува, потсетувајќи дека тој е прекинат кога Приштина почнала да влече еднострани потези кои беа против разговорите и со цел да се прекине дијалогот во Белград.

Брнабиќ истакна дека Приштина шест години нема исполнето ниедна од обврските од Бриселскиот договор, како и да ниту ЕУ, која била гарант, нема направено ништо за да ја принуди Приштина да ја исполни својата обврска.

– Реков, а и Александар Вучиќ беше јасен – нашата црвена линија е таксите и Приштина мора да ја повлече таа одлука. Ние не трпиме притисоци, сите наши партнери сфаќаат дека врз Србија повеќе не може да се врши притисокот. Ние сме сигурен и сериозен партнер и така се однесуваат со нас, изјави српската премиерка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...