„Брит Флојд“ во Скопје!

По настапите пред повеќе од милион фанови низ целиот свет, на 14 ноември со почеток во 20.30 во ВИП Арена- Борис Трајковски ќе имаме можност да уживаме во нешто што е многу повеќе од најдоброто трибјут „Пинк Флојд“ шоу на светот.

294

Авалон Продукција со голема радост, возбуда и задоволство известува дека по настапите пред повеќе од милион фанови низ целиот свет, на 14 ноември со почеток во 20.30 во ВИП Арена- Борис Трајковски ќе имаме можност да уживаме во нешто што е многу повеќе од најдоброто трибјут „Пинк Флојд“ шоу на светот.

„Брит Флојд“ се посветени на тоа да го оживеат „Пинк флојд“ во секоја нота и секој потег, поради што заслужено се сметаат за нешто најблиску до англиската рок група.

Во Скопје носат исклучително прецизен музички перформанс придружен од неверојатно оргинално видео и анимација на препознатлива бина со пинк-флојдовскиот лак и светлосен круг, па затоа подгответе се за совршено аудио и визуелно доживување на легендарните песни од „The Piper at the Gates of Dawn” па се до „Division Bell”.

Се разбира, со заслужен третман ќе биде изведен и сечиј омилен албум „Wish You Were Here”, како и легендарниот „The Dark Side of the Moon”, кој оваа година слави 45 години.

Важно е и да се напомене дека „Брит флојд“ доаѓаат со своја продукција: звук, светло и видео. Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени подоцна.

ФОТО: Авалон продукција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...