Бритни Спирс ќе плаќа поголема алиментација на поранешниот сопруг

282

Пеачката Бритни Спирс ќе мора да плаќа поголема алиментација на поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, кој се жалел на суд дека 20 илјади долари месечно му се малку.

Кевин повеќе години живее на нејзина сметка, а парот се развел во 2007 година.

Пеачката на танцувачот ќе мора да му плаќа уше неколку илјади долари за трошоци за синовите кои живеат со Кевин. Бритни не е водушевена со тоа, бидејќи не сака нејзините синови да се навикнат на луксуз и да станат разгалени.

Кевин и Бритни се венчаа во 2004 година, а по разводот пеачката доживеа нервен слом, па момчињата му припаднаа на Кевин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...