Бритни Спирс повторно заврши на психијатрија

Американскиот портал „ТМЗ“ пишува дека Бритни не се справува добро со здравствените проблеми на својот татко и затоа побарала помош.

203
ФОТО: Инстаграм

Веста дека Бритни Спирс во моментов се наоѓа во институт за ментално здравје ги шокираше фановите ширум светот.

Имено, пејачката сама се пријавила во психјатарска установа во Калифорнија минатата недела каде ќе биде околу 30 дена.

Американскиот портал „ТМЗ“ пишува дека Бритни не се справува добро со здравствените проблеми на својот татко и затоа побарала помош.

Таткото на Спирс минатата година беше опериран откако му пукна дебелото црево, а докторите, наводно, не веруваат во позитивен исход.

Тој и понатаму е легален старател на имотот на пејачката после нервниот слом кој што го доживеа пред 10 години.

Минатата година Бритни ја откажа серијата настапи во Лас Вегас поради болеста на татко и и објави дека целото свое внимание ќе го насочи кон семејството.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...