Пејачката Бритни Спирс ги разочара фановите со изјавата дека ќе направи пауза со кариерата на неодредено време и го откажа шоуто „Domination“ во Лас Вегас.
Овој пат, кариерата нема да ѝ стагнира поради неа, туку поради нејзиниот татко Џејми Спирс.
– Се радував на шоуто и на тоа што ќе ве видам сите, па ова ми го скрши срцето – изјавила пејачката.
Џејми пред два месеци имал операција на дебелото црево и останал во болница дури 28 денови.
– Најважно е секогаш семејството да ви биде на прво место. Таа одлука морав да ја донесам. Пред неколку месеци мојот татко заврши во болница и за малку ќе умреше. Благодарни сме што преживеа, но сѐ уште има долг пат пред него – напиша Бритни на социјалните мрежи.