Британците ќе мора да учествуваат на изборите за Европскиот парламент

114
ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Велика Британија ќе мора да учествува на изборите за Европскиот парламент од 23 до 26 мај, бидејќи нема доволно време дотогаш Парламентот да го ратификува договорот за Брегзит, изјави денеска британскиот вицепремиер Дејвид Лидингтон.

Премиерката Тереза Меј ​​се надеваше дека ќе го избегне учеството на изборите, но разговорите со опозициските лабуристи за договорот не успеаја да излезат од ќор-сокак.

– Жалиме што нема да биде можно овој процес да биде завршен до денот на изборите за Европскиот парламент, така што, тие сега ќе се одржат – истакна Лидингтон.

Тој нагласи дека Владата ќе вложи максимални напори да се обиде да обезбеди одложувањето на Брегзит да биде колку е можно пократко.

Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 29 март, но Парламентот не го поддржа договорот на премиерката Меј со Брисел, па крајниот рок за Брегзит е продолжен до 31 октомври.

Можно е Британија порано да ја напушти Унијата, но ако тоа не се случи до 23 мај, законски е обврзана да учествува на европските избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...