По веста дека војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган добија син, граѓаните на Велика Британија почнаа масовно да се обложуваат, кое име ќе му го дадат на новороденчето.
Бидејќи имињата Диана и Алегра не се повеќе во оптек, оти се роди момче, граѓаните се обложуваат на Александар и Оливер.
Сепак, во моментов најпопуларен избор е Артур, со коефициент пет наспроти еден, но и Филип со шест наспроти еден.
Во кралската лоза, името Артур се појавуваше неколкупати, а во негово име го има и малиот син на принцот Вилијам, принцот Луис.
Алберт е најпопуларно име во кралското семејство, а во играта се појавува и името Џејмс, кое во моментов има коефициент осум наспроти еден. Имињата Александар и Алфред имаат коефициент 10 наспроти во еден.
Некои од имињата, кои најверојатно нема да бидат избрани, а на кои граѓаните се обложуваат, се Доналд со коефициент 1.000 наспроти еден и Епл (200 наспроти еден).
Принцот Хари и неговата сопруга Меган вчера соопштија дека се уште не донеле одлука за името кое ќе му го дадат на нивниот прв син, но дека имаат неколку имиња во опцијата.
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA