Британците го прислушкуваат државниот врв на Србија и на РС, тврди Додик

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик тврди дека британски шпиони го прислушкуваат државниот врв на Србија и на РС, српскиот претседател Александар Вучиќ и него.

188

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик тврди дека британски шпиони го прислушкуваат државниот врв на Србија и на РС, српскиот претседател Александар Вучиќ и него.

Додик за денешен српски „Курир” вели дека има многу докази дека разузнавачките служби од Обединетото Кралство имаат прислушен центар и ја следат работата на врвот на РС и се претпоставува дека истата работа ја прават и во Србија и според него, тоа е еден од начините за дестабилизација.

На прашањето од каде му се доказите за тоа, Додик одговара:
– Доказ е изјавата на министерот за одбрана, потврдувајќи дека Велика Британија ќе се занимава со влијанието на Русија на овој простор. Во јули се формира специјален оперативен центар што ќе го предводат Британци. Тука се и изјавите од британскиот амбасадор .

Додик истакнува дека тоа не се обични војници, туку специјалисти кои се занимаваат со разузнавање со многу модерна и софистицирана технологија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...