Британците, Германците и Русите со најголем интерес за Турција

66

Туристичките аранжмани за Турција лани забележаа раст од над 22 отсто. Скоро 2,5 милиони патници веќе си го резервирале одморот за летово, соопшти Платформата на тур-оператерите во оваа земја.

– Најмногу интерес покажуваат Европејците, особено Германците, Британците и Русите. За да се оствари целта од 50 милиони посетители за 2019 година, земјата мора да се фокусира на културниот и гастрономскиот туризам – истакна Чем Полатоглу, портпарол на Платформата.

Според статистичките податоци на Министерството за туризам, бројот странски туристи пораснал за 22,3 отсто во првите 11 месеци од 2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...