Британски лабуристи против договорот за Брегзит

228

Водечката, британска опозициска Лабуристичката партија во Парламентот ќе гласа против договорот на британската Влада со ЕУ за Брегзит, изјави денеска нејзиниот лидер Џереми Корбин.

Тој смета дека договорот потпишан во Брисел е на штета на Велика Британија и е „тажен неупсех на преговорите“.

– Со него ни се дава помалку право да одлучуваме за нашата иднина и ги загрозува работните места и животниот стандард, рече Корбин.

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека Договорот е „најдобриот и единствениот можен договор” за кој британскиот Парламент ќе гласа пред Божик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...