Британскиот совет постхумно му се извини на англискиот писател Џорџ Орвел за отфрлање на неговиот есеј „Во одбрана на англиската кујна“ во 1946 година, поради „загриженост дека написот не е соодветен за читателите“.
Орвел во 1946 ја оценува англиската кујна како „по малку варварска“, наведувајќи примери за влијанија од велшкото и француското кулинарство, на пример.
– Со исклучок на малите забелешки, мислам дека написот е извонреден. Но, драго ми е дека се сложувате дека негово објавување за европскиот читател, не би било разумно – гласи образложението на тогашниот уредник на гласилото на Советот.
Британската владина организација која ја промовира британската култура на својата интернет страница деновиве постави текст со наслов „Со извинување до г-дин Орвел“.
– Се чини дека организацијата тоа време беше построга и претпазлива, па по секоја цена сакаше да избегне пишување есеи за храната – дури и за оние кои говорат за катастрофалните ефекти од импровизираното снабдување во воени услови (последиците од гладта зимата 1945 година) – пишува Аласдејр Доналдсон, аналитичар при Британскиот совет.
Скратена верзија на написот на Орвел беше објавена во лондонски „Ивнинг стандард“.