Британскиот Парламент синоќа усвои предлог со кој Владата се повикува да ја исклучи можноста за излез на Велика Брутанија од Европската унија без постигнување договор.
Овој таканаречен Спелманов амандман ја „отфрла идејата Обединетото Кралство да ја напушти ЕУ без договор за повлекување и рамка за иден однос“.
Амандманот сигнализира дека Парламентот во целина се противи на напуштањето на ЕУ без договор, што, според планот, треба да се случи на 29 март, доколку не се договори алтернатива, но не ја обврзува Владата да спречи таков Брегзит.