Британска полиција: Сите жртви од камионот се Виетнамци

138

Сите 39 лица кои минатата недела беа пронајдени мртви во камион ладилник во Есекс се Виетнамци, соопшти британската полиција.

– Во овој момент, ние веруваме дека сите жртви се со виетнамска националност и ние сме во контакт со виетнамската Влада – рече полицискиот службеник на Есекс, Тим Смит.

Тој додаде дека британската полиција е во директен контакт со некои семејства во Виетнам, како и во Велика Британија.

– Веруваме дека ги идентификувавме семејствата на некои од жртвите – рече Смит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...