Британска пејачка болна од рак на усна шуплина доби нов јазик од ткиво од бутовите

180

На пејачката Џеј Астон (57) од британската поп група „Бакс физ“ пред неколку месеци и бил дијагностициран рак на усната шуплина што и го уништил јазикот. По седумчасовна операција, хирург успешно и пресадил ткиво од нејзините бутови на местото на јазикот.

Пејачката се уште заздравува од операцијата, а признала и дека е воодушевена што хирурзите успешно и пресадиле парче од бутовите.

– Тие ми направија нов јазик, скинаа парче од бутовите, ми направија дупка на вратот, ги извадија лимфните жлезди и низ таа дупка составија јазик – објаснила видно воодушевената Џеј.

Сепак, таа не и дозволила на својата 15-годишна ќерка Џоси да ја посети после операцијата, затоа што „изгледала многу лошо“.

– Бев потечена, изгледав како од хорор филм, првата недела не можев ни да зборувам, сé пишував на хартија – објаснила Астон, надевајќи се дека физиотерапевтите ќе и помогнат побрзо да заздрави и дека за три до четири месеци ќе може убаво да зборува.

ФОТО: Инстаграм – jay_aston_official

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...