Британка лажела за групно силување, на Кипар ја прогласиле за виновна

181

Кипарски суд денеска ја прогласи виновна за лажење на суд Британката која тврдеше дела група израелски момчиња ја силувале пред шест месеци.

Во случајот кој внимателно го следеа повеќе групи за заштита на човекови права, окружниот суд во Градот Паралимни пресуди дека 19-годишната жена лажела дека ја силувале 12 израелски тинејџери. Изрекувањето на казната е закажано за 7 јануари.

Жената беше уапсена откако и рекла на полицијата дека го повлекла обвинението дека кон средината на јули ја силувале израелски тинејџери во хотелска соба во летувалиште Аја Напа.

Таа објасни дека го повлекла обвинението под полициски притисок при упорно испитување без присуство на адвокат. Обвинителите и судот го отфрлија тврдењето.

– Мој заклучок е дека вината на обвинетата е докажана, рече судијата при изрекувањето на пресудата опишувајќи ги нејзините тврдења како недоследни и додаде дека се обидела да го измами судот.

Израелците, кои ги негираа сите обвиненија за силување, беа пуштени 10 дека по апсењето без подигнување обвинение и на денот кога жената дала изјава дека ги повлекува обвиненијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...