Британија ќе потроши над 130 милиони долари за дополнителни ферибот врски

61
 Британската влада ќе потроши над 100 милиони фунти за дополнителни ферибротски врски со Европа ако државата излезе од ЕУ без трговски договор.

Дополнителни бродови ќе бидат неопходни за нови маршрути преку Ламанш во случај на застој во  главниот француски терминал Кале и британскиот Довер и Фолкстоун за царински проверки.

Во моментот камиони на еврочленките се движат без царински проверки во блокот. При брегзит без зделка дури и неколкуминутно задржување на царина за секој камион ќе значи и колони од автомобили на пристаништата и колони на двете страни од Ламанш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...