Британија остана без Парламентот: Кралицата Елизабета го прифатила барањето на Џонсон да ја суспендира законодавната власт (ВИДЕО)

5287
ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Кралицата Елизабета го прифатила барањето на Борис Џонсон да го суспендира Парламентот, јавува Скајњуз.

Нејзиното величество, како што се вели, официјално ја одобрило наредбата на Владата за нов говор на Кралицата и укинување на Парламентот на 11. септември.

Кралицата го одобрила барањето на Џонсон во Балморал, каде ужива во летниот одмор.

„Наредба за суспендирање на парламентот, не порано од понеделник, 9. септември, и не подоцна од четврток, 12. септември 2019, до понеделник 14 октомври“, е објавена по состанокот на кралицата во дворецот Балморал со нејзиниот Личен советник.

Идејата за згаснување на Парламентот , позната како пророгација, предизвика многу контроверзи, а критичарите велат дека така пратениците ќе бидат спречени да ја вршат својата демократска улога во Брегзит.

Инаку, само мал број на министри,според ББС, знаел за овој план, како и дека истиот ќе предизвика голема кавга.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31. октомври годинава, со или без договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...