Британија и ЕУ се договорија за Брегзит

453

Постигнат е нов договор за Брегзит денеска во Брисел, пренесуваат тамошните медиуми.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ја потврдија веста на Твитер.

„Ние имаме нов одличен договор што ја враќа контролата – сега Парламентот би требало да го заврши Брегзит до недела, за да може да продолжиме на приоритетите како што се трошоците за живот, НХС, насилниот криминал и нашето општество“ напиша Џонсон.

„Каде има желба, има и договор“ напиша Јункер меѓудругото на Твитер.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...