Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, изјави дека Британија не смета дека ниту САД ниту Иран сакаат војна, но дека е многу загрижена дека би можело покренување случајна војна.
– Ние сме многу загрижени, не мислиме дека ниедна страна сака војна, но ние сме многу загрижени дека би можеле да се најдеме во случајна војна и правиме сѐ што може за да ги смириме работите – изјави Хант за Радио Би-Би-Си.
Хант додаде дека Велика Британија е во близок контакт со САД во врска со „многу опасната ситуација во (Персискиот) Залив“.
– Правиме сѐ што можеме за деескалација на ситуацијата – рече Хант.