„Брилијантин“: Дени и Сенди повторно заедно

Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон се појавија заедно и по повод 41-годишнина од култниот филм

360

Актерите Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон се појавија на повторната средба по повод 41-годишнина од култниот филм „Брилијантин“, во кој 1978 година глумеа заедно. Настанот се одржа во Вест Палм Бич во јужна Флорида, САД.

– Првпат во вакви костими откако го снимивме филмот. Многу е возбудливо, напиша Оливија на својот профил на Инстаграм до фотографијата на којашто позира во легендарниот жолт комплет што го носеше во филмот.

Инаку, кожната јакна што ја носеше во филмот актерката ја продаде во хуманитарни цели, за околу 250 илјади долари, но анонимниот купувач ѝ ја врати и ја замоли да ја искористи за некој нов таков проект.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...